• недела, 24 ноември 2024

Отворени плажите во Грција

Отворени плажите во Грција
Атина, 8 мај 2021 (МИА) – Под правила и протоколи, слични на оние од лани, со растојанија меѓу лежалките и чадорите, но без музика, како што е во кафулињата, од денеска се отворени плажите и бич баровите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа што во земјата сè уште не се укинати сите рестрикции наметнати од карантинот, како и за секое движење, така и за на плажа, за граѓаните задолжително е испраќање смс порака. Откако во средата беше соопштено дека организираните плажи ќе се отворат на 8 мај, во изминатите денови интензивно се работеше на подготовките. Се местеа чадори и лежалки, кои треба да бидат на растојание од четири, односно два метри, дозволени се по две лица, освен ако не станува збор за семејство. Задолжителна е употребата на антисептик и дезинфекција на лежалките. За персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба. Отворањето на плажите, доаѓа една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона во Грција. ср/

Остани поврзан