• четврток, 20 февруари 2025

Отворена самостојната изложба на Ленче Коцевска „FOR YOU“ во Галерија КО-РА

Отворена самостојната изложба на Ленче Коцевска  „FOR YOU“ во Галерија КО-РА

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Во Галерија „КО-РА“- мал салон во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје,  вечерва е отворена самостојната изложба на Ленче Коцевска насловена „FOR YOU“.

Изложбата е во рамките на програмата која има за цел да ја афирмира улогата, сестраното значење и специфичната поетика на илустрацијата.

-Ленче Коцевска со својата суптилна поетика на хроматската скала и вткаените валери структурира интимистички дијалог со загатнати симболи, асоцијативни идеограми, летросет, како сегменти од инстаграми, атрибути и метафори, додека децентно структурираните сегменти на лирскиот пејзаж ја отсликуваат поетиката на интровертниот монолог и дијалог помеѓу верата, љубовта и надежта, кои ги има авторката длабоко вдишано, восприемено, и како илуминација на духот и духовноста, ги има преточено во поетиката на илустративниот сликопис, истакна по повод изложбата Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје.

Ленче Коцевска дипломира на Европски Универзитет во Скопје, на Факултетот за Арт и дизајн, како илустратор. Реализирала повеќе самостојни изложби, а учествувала и на бројни групни изложби во земјата и во странство. вг/аа/

Фото: Галрија КО-РА

 

Остани поврзан