• вторник, 18 март 2025

Отворена книга на жалост во македонската амбасада во Атина (Фото)

Отворена книга на жалост во македонската амбасада во Атина (Фото)

Атина, 17 март 2025 (МИА) – Македонското знаме на објектот на амбасадата во Атина, од вчера попладне се вее на половина копје по трагедијата во Кочани и загинатите 59 лица, а од денеска е отворена и книга на жалост, јави дописничката на МИА од Атина.

Во книгата на жалост прва се потпиша амбасадорката Лидија Бошковска, потоа и вработените во амбасадата, но и дописничката на МИА.

Книга на жалост отворена е и во македонскиот конзулат во Солун.

За сите оние кои сакаат да се потпишат, книгата на жалост и во амбасадата во Атина и во конзулатот во Солун, ќе биде отворена секој ден заклучно со петок од 9.30 до 12 и од 13.30 до 15.30 часот по локално време. ср/са/

Фото: МИА

Остани поврзан