• среда, 25 декември 2024

Отворена изложба книги од автори членови на МНД - Битола

Отворена изложба книги од автори членови на МНД - Битола

Битола, 11 ноември 2022 (МИА)Македонското научно друштво-Битола, светскиот ден на науката го одбележа со промоција на изложба на книги од автори членови на друштвото, која од синоќа е поместена во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“.

На читателите достапни им се стотина книги, најголем дел изданија на МНД-Битола, но и книги од други издавачи, истакна претседателката на МНД-Битола, проф. д-р Невена Груевска.

-Светскиот ден на науката го одбележуваме со различни содржини, а оваа година одлучивме на јавноста да и ги претставиме авторските дела на нашите членови, но и традиционалните изданија на МНД-Битола, односно стручно научното списание „Прилози“ и списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“, истакна Груевска.

Изложбата за отворена ја прогласи проректорката Јасмина Буневска Талевска и најави дигитализација на изложените книги.

-Наскоро книгите од оваа изложба ќе бидат дел и од новиот Студентски информативен центар на УКЛО-Битола во кој има над 1.200 книги. Со дигитализација книгите ќе бидат подостапни за нашите студенти, а нашата е-база побогата, рече меѓудругото проректорката Буневска Талевска.

Пред аудиториумот во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола се обрати и директорот на библиотеката м-р Бојан Стефановски и истакна дека храмот на книгата со изложбата на МНД-Битола е уште една потврда за успешната библиотечна дејност што ја врши таа национална установа. мт/мд/

Остани поврзан