• недела, 22 декември 2024

Отворена изложбата „Микроуниверзум“ на Марк Јанура

Отворена изложбата „Микроуниверзум“ на Марк Јанура
Скопје, 15 септември 2021 (МИА) - Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ е отворена изложбата на Марк Јанура насловена „Микроуниверзум“. На оваа самостојна изложба, Јанура се претставува со избор дела во акрил на платно и акватинта, како дел од опусот посветен на истражувањето на компаративот помеѓу интимниот свет на авторот - како дел од сета природа која нè опкружува и релацијата со универзумот кој секоја единка одделно го перципира. - Делата се во духот на рафинирана колоритна гама, во синергија со сиот спектар на сеобилство од моќни експресии, до суптилни сензации, кој авторот ги вткајува во гранулозната текстура на платното кое обилува со експерсивен набој на широка геста, со една импресивна гама на морето, на брановите, на небото, на височините, на длабочините, на бескрајот, истакна историчарката на уметноста Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн на архитектура, која ја отвори изложбата. Дизајнерот Марк Јанура дипломирал на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на одделот за графика, во класата на професор Славица Јанешлиева. вј/лв/

Остани поврзан