• сабота, 28 декември 2024

Отворена изложбата „Марини“ на Ацо Таневски во Велес

Отворена изложбата „Марини“ на Ацо Таневски во Велес

Велес, 29 декември 2020 (МИА) - Во организација на Народниот музеј од Велес денесча беше отворена изложбата „Марини“ од академскиот уметник Ацо Таневски од Скопје.Оваа е негова прва самостојна изложба во Велес на која се претставува со 28 дела масло на платно која е ретроспектива на неговото творештво и има дела од 2004-2005 ,2012-2013 и пет дела од неговото најново творештво овој месец. Од циклусот кој со децении го инспирира „Марини“ покрај повеќето циклуси кои тој паралелно паралелно ги твори...Очи, Космос, Приказни од детската соба, Додекоманија.

Историчарот на уметноста и виш кустос Елица Николова истакна дека нераскинлива е врската помеѓу човекот и природата и потребата на човекот з враќање и соединување со фундаментот на суштината. Ацо Таневски за изложбата „Марини“ како тема одбира морски пејзажи – марини. - Морските пејсажи,лишени од присуството на човекот или архитектурата, предаде ниво нивната основа:воздухот, водата, каменот, во најразлични комбинации,движејќи се меѓу виденото и доживеаното и сосема имагинарни морски пејсажи,излезени од подсвеста,предели на чиста имагинација,каде ја прикажува природата како неизвалкана средина, ослободена од присуството на човекот, кого го смета за одговорен за сета нечистотија со која сепокрива природниот амбиент  и уништувач на истата.Водата како извор на праживот во различна форма ( морски брегови, езера и реки,) е главен мотив на сите дела, предадена низ една посложена , филозовско, поетска, ликовна димензија.  Преку медитеранската екстатично нагласена емотивна сензитивност на боите и атмосферата на морскиот брег, модрината која преовладува на најголем дел од сликите соделикатни нијанси,колористички хармонизирана, полна со некоја дискретна тајна и спокој и покрај брановите кои го заплиснуваат карпестиот брег, кој лично го смирува и воедно го вознемирува,ја прикажува природата во еден метафизички меѓупростор, во процесот на создавање и растурање на брановите, кои сугерираат умирање и повторно оживување низ вечноста, непрекинат тек на една универзална енергија, појасни Николова. Таа посочи дека доминација на црвената боја, црвен прелив, одраз на огнот , воздух во една вжештена состојба, состојба од создавањето на светот, ја гледаме на неколку слики , а присуството на човекот само може да го насетиме во сликите со чамци кои се слеваат со позадината, Таа потенцира дека сликарството на Таневски, не не остава рамнодушни, туку како уметник вопотрагатаконсветлината,  имиганативната убавина на представените пејсажи, уметник кој е во потрага  на создавање на  класичен ликовен пристап и приказ на недопрена природа,  сака да ни укаже дека живеејќи во време на глобално загадување на животната средина и драстично намалување на чистите еко системи за пребивање на животинските и растителни видови, егзотично изгледа сликан пејзаж на недопрената природа,  која е реткост и затоа освен кон неговото сликарство да се осврнеме и кон пораката на која сликарот ни укажува. Во изјавата за МИА, акедемскиот уметник Таневски појаснува дека во неговите дела има отсуство на човек и човечка стапка и она што природата како на пример  ова лето со карантин, полека си ги враќа своите елементи кои ги изгубила со текот на времето поради влијанието на човекот. Ацо Таневски е член на ДЛУМ од 1993 година, и активен член на Сојузот на ликовни педагози. Има 10- годишно искуство од областа на образованието. Во моментов е вработен како едукатор во Национална галерија на Македонија. Организатор е на едукативни работилници и изложби за млади. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност. Учесник на преку 100- тина групни изложби во земјата и во странство, како и на 40 ликовни колонии меѓу кои беше учесник и на велешката ликовна колонија „Папрадишки мајстори“. Оваа  изложба е Проект од национален интерес  во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајн за 2020 година, финансирана од Министерството за култура. ад/фф/

Остани поврзан