• среда, 27 ноември 2024

Отворена годишната изложба на уметнички фотографии на прилепскот Фото-кино клуб

Отворена годишната изложба на уметнички фотографии на прилепскот Фото-кино клуб
Прилеп, 15 јуни 2021 (МИА) - Вкупно 64 уметнички фотографии на 59 автори се дел од осмата традиционална годишна изложба на Фото-кино клубот од Прилеп, која што синоќа беше отворена во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Оваа традиционална изложба на која се претставени уметничките фото-дела на прилепските автори, членови на клубот, го носи името на починатиот фотограф и вљубеник во оваа уметност, поранешен член - Јордан Зазоски-Зазо. Според Сашко Попоски, претседател на Фото-кино клубот, и во време на пандемија нема застој во уметноста на фотографирањето. -И во време на пандемија уметноста не запре. Создадени се висококвалитетни уметнички фотографиии и претставени на оваа, веќе традиционална изложба, со што го заокружуваме процесот од 2020 година. Интереот не замира и кај младите. Имаме постојано на обука нови фотографи кои ја сакаат уметноста на фотографирањето и сакаат да ја изучуваат. Најголема инспирација остануваат портретот, пејзажите, а ги имааме и фотографиите поврзани со пандемијата која сите нѐ натера повеќе да комуницираме дигитално, но сепак интересот остана. Работевме и на полето на филмот што, во секој случај, го потврдува впечатокот дека прилепскиот Фото-кино клуб“ е еден од најактивните, но и со голем број таленти за уметничката фотографија, а и за подвижните слики, рече Попоски. За уметниците минатата година се отвори повеќе слободно време за да се посветат на фотографирањето, на овековечувањето на моментот, засекогаш останат дел од уметноста и меморијата. Изложбата официјално беше отворена на влезот од Центарот за култура „Марко Цепенков“ и според протоколите, посетителите во групи ги видоа уметничките фотографии. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, задоволство е да се биде сведок на уметноста, но и сите уметници да ја имаат поддршката. - Чест ми е што ја отворам оваа изложба. Уметноста во фотографирањето нема граници, а прилепската локална самоуправа дава безрезервна поддршка и за опстојувањето на Фото-кино клубот кој има децениски традиции и за новите и млади таленти, рече Јованоски. ем/аа/

Остани поврзан