• сабота, 23 ноември 2024

Отворањето на Дизнилендот во Хонг Конг најавено за 18 јуни

Отворањето на Дизнилендот во Хонг Конг најавено за 18 јуни
Хонг Конг, 15 јуни 2020 (МИА) - Рекреативниот Дизниленд парк во Хонг Конг, што беше затворен на крајот на јануари поради епидемијата на коронавирусот, ќе продолжи да работи од 18 јуни. Детскиот парк ќе работи со намален капацитет, со ограничен број посетители, а ќе се зајакнат и мерките за заштита на здравјето, соопштуваат оттаму. Повеќето од продавниците и рестораните во овој тематски парк ќе почнат со работа, но исто така - со ограничен број посетители, мерење температура и со почитување на мерките за физичка оддалеченост. Работата на хотелите во комплексот, исто така - постепено ќе се враќа во нормала. Дезинфекција на просториите ќе се извршува почесто, додека рачните средства за дезинфекција ќе бидат достапни на повеќе места. Хонг Конг пријави само неколку нови случаи на зараза последните 24 часа, при што вкупно има 1.110 случаи, од кои четири со смртни последиции од почетокот на Ковид-19 епидемијата.  си/сд/

Остани поврзан