Осум сириски војници загинаа, а седум други се ранети во израелски напад врз областа Даара (ДПЛ)
- Во извештајот се додава дека штета е предизвикана и на локациите погодени од израелските воздухопловни сили, пишува „Тајмс оф Израел“.

Дамаск, 25 октомври 2023 (МИА) - Осум војници загинаа, а седум други се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта во областа Даара, јави сириската државна агенција САНА, цитирајќи сириски воен извор.
Во извештајот се додава дека штета е предизвикана и на локациите погодени од израелските воздухопловни сили, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израелската војска утринава соопшти дека нејзините борбени авиони ја погодиле инфраструктурата на сириската армија и лансирале минофрлачки ракети како одговор на вчерашните напади од Сирија врз Израел.
Војската не соопшти детали за овие напади, јавија британските медиуми. сд/
фото:МИА архива