• сабота, 31 август 2024

Остин: САД ќе и испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС 

Остин: САД ќе и испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС 

Вашингтон, 20 јули 2022 (МИА) - Шефот на Пентагон, Лојд Остин, денеска изјави дека САД ќе испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС. 

- Продолжуваме да бараме нови начини да им се пружи долгорочна поддршка за храбрите мажи и жени на украинските вооружени сили, и ќе ја адаптираме нашата помош така што Украина би имала технологии, боева муниција и огромна огнена моќ за сомоодбрана, изјави Остин на почетокот на виртуелна средба со сојузниците посветена на Украина. 

Системите ХИМАРС имаат голем радиус на дејствување и повисока прецизност, отколку артилеријата од советско време со што располага Украина. Земјата неделава изјави дека со вакви ракетни фрлачи досега нанела 30 удари по руски позиции за материјално-техничка снабдување и муниција.  

Според Остин, новиот пакет помош вклучува и муниција и други артилериски боеви резерви.Вклучително овие четири, САД досега на Украина и доставија 16 системи ХИМАРС. 

Од почетокот на војната, САД имаат пружано помош за одбрана на Украина во висина од осум милијарди долари, вклучително и 2.2 милијарди во изминатиот месец. кб/ми/ 

Остани поврзан