• сабота, 21 декември 2024

Остин во разговор со Галант ја истакна потребата за дипломатско решение за заканата од Хезболах

Остин во разговор со Галант ја истакна потребата за дипломатско решение за заканата од Хезболах

Вашингтон, 20 септември 2024 (МИА) – Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно денеска разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, соопшти Пентагон.

Остин ја „повтори својата загриженост“ поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах, се наведува во соопштението, и ја нагласи вербата на САД во „важноста од постигнување дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите безбедно да се вратат во своите домови од двете страни на границата“.

Тој му рекол на Галант дека САД продолжуваат да вршат притисок за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ја потврдил посветеноста на САД за безбедноста на Израел. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан