• среда, 27 ноември 2024

Остар пад на Волстрит, по четири дена раст

Остар пад на Волстрит, по четири дена раст
Лондон, 4 февруари 2022 (МИА) - Берзанските индекси на Волстрит вчера доживеаја остар пад, по четири дена јинтинуиран раст, што најмногу се должи на притисокот на технолошкиот сектор, по послабите резултати на Фејсбук, од очекуваното. Dow Jones се „лизна“ за 518 поени или 1.45 отсто, на 35.111 поени, додека S&P 500 „потона“ 2.44 отсто, на 4.477 поени. Индексот Nasdaq 3.74 отсто, на 13.878 поени. Технолошкиот сектор, последниве години, имаше силен раст, благодарение на тоа што имаше ниски каматни стапки. Но, на тој период му доаѓа крајот, бидејќи во март се очекува зголемување на клучните каматни стапки на американската централна банка. Се верува дека во следниот период, Фед агресивно ќе ја заостри монетарната политика, бидејќи инфлацијата во САД се движи во највисоки нивоа во речиси 40 години. Затоа, менаџерите треба да ги приспособат своите портфолија на идното опкружување со повисоки каматни стапки. Покрај Фед, и други централни банки во светот ја заоструваат монетарната политика. Британската централна банка вчера повторно, втора сесија по ред, ја зголеми клучната камата за 0.25 процентни поени, на 0.50 отсто. Пораките на шефот на Европската централна банка, по редовната седница за монетарна политика, исто така беа поостри, отколку што се очекуваше. Затоа вчера и на европските берзи, цените на акциите паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабна за 0.71 отсто, на 7.528 поени, додека франкфуртскиот DAX се „лизна“ за 1.57 отсто, на 15.368 поени, а парискиот CAC - 1.54 отсто, на 7.005 поени. бд/сд/

Остани поврзан