Остануваат само уште две слободни места за плејофот на Лигата на шампионите
- Во фудбалската Лига на шампиони синоќа завршија натпреварите во групите сегмент А-Д по кои познати се 14 од 16 учесници во осминафиналето.
![Остануваат само уште две слободни места за плејофот на Лигата на шампионите](https://mia.mk/index.php/images/20231213092201_big_730x400_2.webp )
Нион, 13 декември 2023 (МИА) – Во фудбалската Лига на шампиони синоќа завршија натпреварите во групите сегмент А-Д по кои познати се 14 од 16 учесници во осминафиналето.
Според резултатите од последното коло, во плејофот се пласираа Копенхаген и Наполи.
Претходно во осминафиналето место си обезбедија: Арсенал, Атлетико, Баерн Минхен, Барселона, Борусија Дортмунд, Интер, Лацио, Лајпциг, Манчестер сити, ПСВ, Реал Мадрид и Реал Сосиедад.
За последните две места во плејофот претендираат Милан, Њукасл, ПСЖ, Порто и Шахтјор. зс/
Фото: ЕПА