• вторник, 24 декември 2024

Основците од Кратово ќе учат за животната средина и ЕУ преку Еразмус+ проекти

Основците од Кратово ќе учат за животната средина и ЕУ преку Еразмус+ проекти

Крива Паланка, 7 септември 2022 (МИА) – Преку активности од проектите кои во претстојниот период ќе се имплементираат со Еразмус плус програмата на ЕУ, учениците од основното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Кратово ќе учат за волонтерство и подигнување на свеста за заштита на животната средина, како и за европските вредности.

родолжува добрата пракса на промоција на училиштето надвор од нашата земја преку интернационална соработка. Досега  училиштето има  реализирано четири Еразмус+ проекти, еден проект сѐ уште трае, а од оваа учебна година ќе стартуваат уште два нови проекти на многу интересни и значајни теми. Првиот проект „Листови“ (LEAVES) е кратенка од учење за природата, активизмот, волонтерство и едукативни шеми, и има цел да ја шири идејата за волонтерство и подигнување на свеста за заштита на животната средина. Нашите „волонтерски тимови“ ќе работат на глобални теми: одржливост, зелените предизвици, здрав начин на живот, спорт и заемна помош во општините, информира Кристина Цонкинска, координатор на проектот, професорка по англиски ајзик во ООУ „Кочо Рацин" во Кратово.

Проектот ќе биде насочен кон учење практични вештини и меки вештини, подобрување на комуникацијата на учесниците на англиски јазик, ќе се креира  онлајн книга со ресурси, и инспиративни идеи што се очекува да ја направи наставната програма на секое партнерско училиште поиновативна и одраз на тековните потреби на глобализираниот свет.

ел од грантот е предвидено да биде наменет за уредување т.нвидеопросторија во училиштето опремена со современа опрема за снимање  професионални видеа. камера, апарат, рефлектори, зелена позадина и друг потребен софтвер и ќе биде голем бенефит за учениците во нашето училиште. Ќе можат на практичен начин да ги развиваат нивните дигитални вештини и да навлегуваат во светот на технологијата, додаде Цонкинска.

Во овој проект, предвиден да трае три години, ќе учествуваат уште пет партнерски училишта од Словачка, Германија, Португалија, Кипар и Полска.

Вториот проект, „Модел на Европска унија“ ќе им воозможи на учениците да научат повеќе за Европската унија, европските вредности и принципи. На секоја интернационална средба, учениците ќе имаат можност да учествуваат на симулирани состаноци на ООН и да дискутираат важни прашања.

Со проектот учениците ќе ги развиваат основните вештини на 21 век: флексибилност, лидерство, иницијатива, социјални вештини, критичко размислување, креативност, соработка, комуникација, медиумска технолошка и дигитална писменост.

Во овој проект учествуаат уште три партнерски училишта, од Полска, Романија и Турција. ид/хс/

Остани поврзан