• понеделник, 23 декември 2024

Османи утре во Киев, ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа

Османи утре во Киев, ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа
Скопје, 22 август 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска патува во Киев, Украина, каде утре ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа. Кримската платформа, како што информираат од МНР, е иницијатива на Украина, за обединување на меѓународните напори за состојбите околу Крим. На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на повеќе од четириесет земји, меѓу кои голем број земји членки на ЕУ и НАТО, кои ќе бидат претставени на високо ниво вклучително и девет претседатели, неколку премиери како и министри за надворешни работи. аа/

Остани поврзан