• среда, 25 декември 2024

Османи уверен дека низ рационален дијалог несогласувањата со Софија ќе бидат надминати

Османи уверен дека низ рационален дијалог несогласувањата со Софија ќе бидат надминати
Мадрид, 18 март 2021 (МИА) - Уверување дека Северна Македонија заслужува почеток на преговори со Европската инија, како и поддршка за што е можно поскоро финализирање на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција без натамошни одложувала изразила денеска шпанската министерка за надворешни работи, Европска Унија и за соработка Аранча Гонзалес Лаја на средбата во Мадрид со шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој на заедничката прес-конференција со Гонзалес Лаја, одговарајќи на новинарско прашање за спорот со Бугарија, која во декември стави вето на почетокот на преговорите, напомена дека верува оти во интерес на Софија е да ја промовира европската интеграција на сите земји во регионот, а доказ за тоа беше и Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа во 2018 година, кога претседавач со Унијата беше токму Бугарија. Моментално имаме препреки, рече Османи, но додаде дека е уверен оти низ рационален дијалог со Софија, тие ќе бидат надминати. Шефот на дипломатијата истакна дека во меѓувреме акцентот е ставен на меѓусекторската соработка и градењето доверба. Изрази уверување дека имаме капацитет да најдеме решение кое ќе ни помогне да ги надминеме препреките. Османи на заедничката прес-конференција потенцира и дека кога се говори за иднината на Европа, ЕУ мора да биде погласна и појасна во однос на земјите од Западен Балкан, спроведувајќи инклузивен процес, со поголема вклученост, на идните земји-членки. Нагласи дека некогаш на регионот се гледало како на сосед на ЕУ или регион кој ја опкружува Унијата и додаде дека напротив земјите од Западен Балкан се држави кои целат кон полноправно членство. -Ние сме лоцирани во самото срце на Европа и географски сме целосно опкружени со земји од ЕУ. Затоа е логично дека треба да бидеме дел од заедничката иднина на Европа, додаде Османи. ац/сст/

Остани поврзан