• четврток, 26 декември 2024

Османи се сретна со Колев: Ни треба кохезивност во овој процес во интерес на добрососедските односи

Османи се сретна со Колев: Ни треба кохезивност во овој процес во интерес на добрососедските односи
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) - Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во МНР се сретна со лидерот на Граѓанско демократската унија (ГДУ), Петар Колев, при што, како што објави Османи на својата Фејсбук страница, размениле мислења за актуелните внатрешно – политички актуелности, но и за севкупниот контекст на односи во врска со обновениот дијалог меѓу Владите на Северна Македонија и Бугарија. - Нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важните прашања кои ја детерминираат европската иднина на државата. Оваа дебата налага искрен пристап од сите актери во земјата, при што сите треба да вложиме напор да ги надминеме и меѓусебните разлики и да изградиме заеднички позиции кои ни се многу потребни, наведува Османи. Според него, потребна ни е кохезивност во овој процес, во интерес на добрососедските односи. - Тоа е и во интерес на важноста за негувањето на хармонични односи внатре во државата меѓу сите политички групи и заедници, како што впрочем и доликува на меѓуетничкиот модел на нашата успешна приказна како држава, додава министерот. нд/са/ 

Остани поврзан