• сабота, 23 ноември 2024

Османи - Рибеиро: Поддршка за слободата на изразување и услови за работа на новинарите

Османи - Рибеиро: Поддршка за слободата на изразување и услови за работа на новинарите

Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро.

На средбата, како што информира МНР, беа разменети мислења за состојбата поврзана со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ. На средбата беше констатирано дека руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите ширум ОБСЕ просторот.

-Политиките кои произлегуваат од хуманата димензија на ОБСЕ денеска имаат извонредно значење, во светло на континуираната борба за заштита и промоција на човековите права и основните слободи, нагласил Османи на средбата.

Османи изрази недвосмислена поддршка за активностите кои ја промовираат слободата на изразување, и подготвеност за натамошно унапредување на медиумското опкружување и услови за работа на новинарите. мд/са/

Остани поврзан