• четврток, 26 декември 2024

Османи положи цвеќе на спомен-обележјето во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во Ротимље

Османи положи цвеќе на спомен-обележјето во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во Ротимље

Скопје, 13 мај 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска го посети спомен-обележјето во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина.  Османи положи цвеќе на местото на авионската несреќа од 2004 година во која животот го загубија претседателот Трајковски и осум членови на делегацијата и на екипажот. 

-Трајковски беше широко почитуван поради неговото инклузивно и прагматично лидерство и одигра важна улога во водењето на државата во еден од најпредизвикувачките периоди од нејзината историја, рече Османи. 

Османи е во дводневна официјална посета на БиХ во својство на претседавач со ОБСЕ. Покрај Мостар, Османи ги посети и Сараево и Јабланица и оствари средби со државниот врв, претставници на Парламентот, претставници на граѓански организации, како и други партнери и соработници на ОБСЕ.вј/са/

Фото: МНР

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан