• среда, 25 декември 2024

Османи на зелен состанок со Савада: Можности за проекти со Јапонија за зачувување на животната средина

Османи на зелен состанок со Савада: Можности за проекти со Јапонија за зачувување на животната средина
Скопје, 17 септември 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Градскиот парк одржа зелен состанок со јапонскиот амбасадор во земјава Хиронори Савада, при што биле разгледани можностите за заеднички проекти со Јапонија во областа на зачувување на животната средина, а во рамки на јапонската Иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан.
- Оваа година се одбележува 25 години од Програмата „Грант – помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност” (GGP) – упатена благодарност за реализираните проекти, како и за целокупната јапонска помош за земјава, напиша Османи на Фејсбук.
Министерот додаде дека на состанокот се поздравени билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на можностите за унапредување на економската и бизнис соработка. нд/са/

Остани поврзан