• вторник, 24 декември 2024

Османи: Можам да ги заокружам најважните интегративни процеси за државата

Османи: Можам да ги заокружам најважните интегративни процеси за државата

Прилеп, 14 април 2024 (МИА) - Како министер за надворешни работи успеав да ги откочам најважните интегративни процеси за државата,а како претседател можам да ги заокружам, рече кандидатот за претседател на Европскиот фронт Бујар Османи. Тој денеска имаше средби со жителите од повеќе населени места од кривогаштанскиот и од долненскиот регион.

-Како министер за надворешни работи успеав да ја внесам земјата во НАТО, да ги отворам преговорите за членство во Европската Унија, да го започнам стратешкиот дијалог со САД. Ако тоа го успеав како министер, како претседател можам конечно да ги заокружам најважните интегративни процеси за државата конечно да вплови во европскиот начин на живот, изјави Османи.

Османи смета дека на овие избори се наоѓаме пред голема дилема.

-Се наоѓаме пред дилемата: Дали интеграција или изолација, дали соживот или етнички тензии, дали прогрес или регрес. За жал, тие се двете понуди и јас сум среќен што можам во име на Европскиот фронт, најголемиот мултиетнички блок да понудам интеграција за пет години соживот помеѓу етничките заедници, правда и еднаквост и можност секој граѓанин да сонува и да го оствари својот сон, независно од кое семејство потекнува, од која етничка припадност е, од социјална категорија, од село или град. Секое дете да може да сонува и тоа да го оствари, а државата да му помогне, а не да му попречи во тоа, рече Османи.

Османи нагласува дека води позитивна кампања.

-Јас водам позитивна кампања, караванот на европскиот претседател не остава ниту едно село, не остава ниту едно населено место, а да не го посети за да се договори со граѓаните дека ако ја добијам поддршката до крајот на мандатот сите во својот џеб ќе имаат европски пасоши, изјави претседателскиот кандидат Бујар Османи при средбата со жителите од крушевското село Алденци. ем/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан