Османи: Итна потреба за преговори со цел враќање на мирот
- Северна Македонија ја осудува руската инвазија врз Украина, која претставува закана за мирот и меѓународниот поредок втемелен врз меѓународното право, порача министерот за надворешни работи Б

Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Северна Македонија ја осудува руската инвазија врз Украина, која претставува закана за мирот и меѓународниот поредок втемелен врз меѓународното право, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на 43-та сесија на Министерската конференција на Франкофонијата, што се одржува денеска во тунискиот град Џерба.
- Северна Македонија најостро ги осудува нарушувањето на демократијата, актите на тероризам, агресијата и сите форми на кршење на човековите права и принципите на Повелбата на Меѓународната организација на Франкофонијата како и Повелбата на Обединетите Нации, истакна Османи пред своите колеги од земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата.
