• среда, 25 декември 2024

Османи - Екобар: Потребно е што поскоро започнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија за полноправно членство во ЕУ

Османи - Екобар: Потребно е што поскоро започнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија за полноправно членство во ЕУ
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на Преспа форумот за дијалог во Охрид, оствари средба со заменикот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. На средбата присуствувале и амбасадорот Мајкл Карпентер, постојан претставник на САД при ОБСЕ во Виена и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, соговорниците го поздравиле неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД во Вашингтон, како нова фаза во билатералните односи и надградба на стратешкото партнерство, но и одлична можност за понатамошно продлабочување и конкретно врамување на соработката во областите од интерес. На средбата, како што се посочува во соопштението, е разговарано за европската перспектива на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан како заедничка стратешка цел, како и актуелните состојби во тој контекст. Притоа, била нагласена потребата од што поскоро започнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија за полноправно членство во ЕУ, како важен влог во стабилноста и напредокот на регионот и начин да се врати европскиот кредибилитет во Регионот. - Процесот на проширување на Европската унија претставува безбедносно прашање, и оттука забрзувањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан е од клучно значење за зачувување на стабилноста во нашиот регион, но и Европа кало целина. Високо ја цениме континуираната поддршка од САД за што поскоро започнување на процесот на преговори со Европската унија, што е споделен стратешки интерес, но и гаранција за ограничување на влијанието од трети страни, истакна Османи. Како што посочуваат од МНР, на средбата е разговарано и за безбедносните предизвици во регионот на ОБСЕ, нивните рефлексии врз политичките констелации на Балканот. Исто така, била поздравена нашата одлучност, одговорност и активна посветеност на мултилатерализмот, како иден претседавач на ОБСЕ, но и други мултилатерални формати, во време кога светот се соочува со сериозни предизвици.фф/лв/

Остани поврзан