• понеделник, 23 декември 2024

Османи: „Европскиот фронт“ е продолжение на битките во континуитет за разбивање на замоците на етничките монополи

Османи: „Европскиот фронт“ е продолжение на битките во континуитет за разбивање на замоците на етничките монополи

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - Кандидатот на „Европскиот фронт“, Бујар Османи вечерва на митингот во Кичeво истакна дека „Европскиот фронт“ не е само коалиција, туку, како што рече, продолжение на битките во континуитет за разбивање на замоците на етничките монополи.

-„Европскиот фронт“ не е политичка партија. „Европскиот фронт“ не е ниту коалиција на политички партии, „Европскиот фронт“ е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи „Европскиот фронт“ е трета унија, но сега со малку поинаква димензија. Ве повикувам на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас и поддршка е да се разбие последната тврдина на етничкиот монопол и заокружувањето на целосната еднаквост на сите заедници во нашата земја, рече Османи.

Османи потенцира дека првпат граѓаните имаат две алтернативи кои се контрадикторни една со група - понуда која нуди изолација од светот и понуда која гарантира интеграција во Европската унија за само пет години.

 - Прв пат имаме две алтернативи кои се контрадикторни една на друга - имаме понуда која нуди изолација од светот, нуди расипување на односите со соседите. Имаме понуда која бара 61 пратеник за да создаде превласт на една заедница над другите заедници, да не исклучат останатите заедници од одлучувањето - Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите. Можете да замислите, ситуација кога како геополитички контекст, што го велам со најголема компетентност, никогаш не сме биле поблиску од Третата светска војна, на Балкан кој врие во сите негови точки, да имаме земја изолирана од европскиот тек и земја во која меѓуетничките односи се тензични. Ова е понудата што може да стане реалност само за неколку дена и недели - изолирана земја, земја со меѓуетнички тензии и земја со прекинати европски интеграции, рече тој.

Како што нагласи Османи, понудата на „Европскиот фронт“ гарантира интеграција во Европската унија за само пет години, партнерство со Соединетите Американски Држави.

-Ја имате понудата на „Европскиот фронт“ и визијата на првиот претседател која гарантира интеграција во Европската унија за само пет години, партнерство со Соединетите Американски Држави и да биде најмоќниот сојузник на Балканот, ветинг за сите носители на јавната функции, понуда која гарантира нов Охридски договор но сега и економски договор и понуда која гарантира подостоинствен живот за сите и еднакви можности за сите без разлика од каде доаѓаат и од која етничка припадност припаѓаат. Ова се двете алтернативи со кои сите сме соочени на 24 април, рече тој.

Османи истакна дека неизлегувањето на гласање значи глас за првата алтернатива - изолација и исклучување на заедниците. Потенцира дека гласот за албанската опозиција е глас за алтернативата на изолација и превласт под слоганот 61.фф/лв/

Фото: Тим на претседателскиот кандидат Бујар Османи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан