• понеделник, 23 декември 2024

Османи: Доколку не се завршат уставните измени, паузира целиот процес на преговори

Османи: Доколку не се завршат уставните измени, паузира целиот процес на преговори

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) - Доколку не се завршат уставните измени до крајот на годината, паузира целиот процес на преговори со Европската Унија, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој вечерва во гостување за емисијата „Трилинг“ на телевизија 24 рече дека можеме да влеземе во ситуација на изолација, во која ќе се отвораат некои прашања кои самиот европски процес го субординира и дека тука не предвидува добри внатрешни и регионални динамики.

Во однос на изборите, тој напомена дека избори ќе има во редовниот термин, во пролет идната година.

На прашање за „Бехтел и Енка“, Османи е на став дека прашањето на транспарентност е легитимно, но смета дека во целиот процес постои многу политика и елементи на етничка омраза.

- Прашањето на транспарентност е легитимно. Тука треба да бидеме гласни, да бараме, да се докаже транспарентноста. За жал, тука има испреплетено многу политика и одредени елементи на етничка омраза, поделби. Зборуваме за автопатот кој го поврзува Скопје со Охрид. Сите сме сонувале кога би можеле еден ден да патуваме до Охрид, а да не мора да патуваме низ Стража. Сега ни се дава таква можност заради тоа што има еден крај од Охрид до граница со Албанија и ја етнизираат целата тема влегувајќи дури во говор на омраза и етничка дискриминација бидејќи очигледно има уште стереотипи и предрасуди. Треба да бидеме среќни и задоволни дека конечно после 30 години, ја најдовме најсериозната светска компанија да не однесе за час и-пол до Охрид, додаде Османи. бт/мс/

Фото/ Принтскрин јутјуб

Остани поврзан