• вторник, 24 декември 2024

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои  документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател на државата на Европскиот фронт Бујар Османи денеска ги демантираше и ги оцени како лажни вести обвинувањата од опозицијата дека наводно скрил важен документ од ЕК потпишан од 25 нивни членки освен од Грција и Франција дека до септември ќе не пуштаат со старите документи.

-Не е  точно. Ова е дел од таа фабрика на лажни вести коишто ја открија во ВМРО-ДПМНЕ. Знаете дека создале фабрика за пропаганда и лажни вести и тоа е дел од таа фабрика, која што мислам дека наредните денови повеќе и повеќе ќе се разоткрие. Во однос на пасошите засега не се проблем европските земји. Проблем е што МВР го има сменето Законот и ги има декларирано нашите пасоши за неважечки и граѓаните не може да ја напуштат нашата граница. Така што ние воопшто не сме стигнале до проблемот со границата на земјите од ЕУ. Граѓаните со наши пасоши не можат да ја напуштат нашата граница бидејќи од нашите закони се декларирани како неважечки. Додека за враќање ние ги имаме направено и преземено сите мерки никој да нема пречка да се врати. И јас досега не сум слушнал дека некој граѓанин не успеал да се врати во државата бидејќи не можел да помине низ земји членки на ЕУ, вели Османи на новинарско прашање по денешната дебата во Старата скопска чаршија во рамки на нефовата кампања за претседател.

Според него, МВР треба да каже зошто уште е спор процесот на издавање пасоши и при тоа ја повтори неговата понуда да помогнат за да се забрза тој процес на издвање нови документи со новото уставно име. 

-Понудив наместо политиканство, наместо парадирање, наместо предизборна кампања да седне министерот да се реорганизира. Ако треба се понудив јас лично со моето Министерство сите ќе одиме во МВР ќе сликаме, ќе пополниме формулари да им помогнеме. Треба организација, треба способност. Оваа работа бара капацитет, а не политиканство. Не удирање по гради дека јас нема да го користам новото име на државата, а сите формулари за пратенички листи ги имаат потпишано со Северна Македонија. Кого манипулираат? Зошто ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните. Тој фолклор е поминат, надминат пред 30 - 40 години. Потпишале се’ со Северна Македонија и даваат изјави - ние нема да го користиме новото име, вели Османи.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем од утре, 23 јуни од 21 часот до недела, 27 јуни до 21 часот нема да биде во функција с

Тој додава дека тоа што можеше да се смени во однос на личните документи е веќе сменето во однос на возачките дозволи и личните карти, додека за пасошите, вели, тоа е прашање кое што значи директно кршење на Договорот од Преспа и на Уставот. Потребна е вели реорганизација за издавање пасоши на граѓаните, за што е подготвен да помогне и да ја прекине и кампањата.

-Се нудам и денеска - ќе ја прекинам мојата кампања ако треба и ќе одам во МВР ќе сликам, ќе пополнувам формулари со сите мои луѓе коишто се дел од овој караван. Така се први тоа – со дисциплина, со реорганизација, со нудење на услуги на граѓаните, вели Османи.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Фејсбук објави фотографија од допис од 23 февруари, годинава, од италијанското МВР каде стои дека по препорака на Европската комисија, 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година.

-МВР на Италија во дописот напоменува дека одлуката е донесена заради заштита на правото на слободата на движењето, а за периодот после крајот на септември граничната полиција дополнително ќе добие инструкции како да постапува. Во истиот овој период многу некоректна беше постапката на министерот Османи кој ја криеше оваа информација за одлуката на 25 членки на ЕУ, која и тогаш и денес е многу важна за слободното движење на стотици илјади македонски државјани кои престојуваат во ЕУ, наведува Милошоски меѓу другото во Фејсбук постот. вг/ац/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан