• среда, 25 декември 2024

Османи во Јабланица и Мостар: Средби со градоначалници и претставници на граѓанскиот сектор кои работат на проекти подржани од ОБСЕ

Османи во Јабланица и Мостар: Средби со градоначалници и претставници на граѓанскиот сектор кои работат на проекти подржани од ОБСЕ

Скопје, 13 мај 2023 (МИА) - Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска ја продолжува својата дводневна посета на Босна и Херцеговина. Во текот на денот Османи ќе оствари теренски посети во Јабланица и Мостар и одблиску ќе се запознае со значајни проекти што овие општини ги спроведуваат со поддршка на ОБСЕ. 

Покрај тоа, Османи ќе оствари средби со градоначалниците на овие општини, Дамир Шабановиќ и Марио Кордиќ.

Јабланица е една од општините во Босна и Херцеговина којашто е дел од проектот поддржан од ОБСЕ, „Можеме подобро“, чија цел е зајакнување на довербата и поврзаноста помеѓу заедниците во БиХ. 
 
Со цел да ја истакне важноста на работата на невладиниот сектор, Османи ќе реализира и средба со невладините организации кои работат на клучни прашања, како заштита на ранливите групи на граѓани, трговијата со луѓе, родовото насилство, екологијата и борбата со корупцијата во БиХ. мч/

фото: Официјален ФБ профил на Бујар Османи 

 

Остани поврзан