• понеделник, 23 декември 2024

Османи во Вашингтон за стратешкиот дијалог Северна Македонија - САД

Османи во Вашингтон за стратешкиот дијалог Северна Македонија - САД
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска од Токио патува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Северна Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува ваков значаен процес со САД. Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи, како што е најавено, ќе оствари и повеќе билатерални средби со високи државни преставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк - тенк органзиации. аа/мд/

Остани поврзан