• сабота, 16 ноември 2024

Османи: Вашиот глас не е само еднократен избор, туку инвестиција за иднината

Османи: Вашиот глас не е само еднократен избор, туку инвестиција за иднината

Куманово, 18 април 2024 (МИА) - За неколку дена ќе одлучите дали сме за интеграција или за изолација, порача вечерва кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт Бујар Османи пред кумановци.

- Меѓу вас гледам толку многу лица кои се подготвени да отворат ново поглавје од славната историја на нашите граѓани во нашата заедничка земја, рече Османи.

- За неколку дена ќе одлучите дали сме за интеграција или за изолација. Ова е одлуката што треба да ја донесете со свои раце. Но, вашиот глас не е само еднократен избор. Туку е инвестиција за иднината. Инвестиција која ќе изгради ѕид против овој одмаздољубив национализам, кој може да се постави кај нас за неколку дена, рече Османи.

Османи вети дека ќе се посвети на градење држава во која, како што рече, секое дете ќе може да сонува без граници. ам/мд/

Фото: Европски фронт 

Остани поврзан