• петок, 27 декември 2024

Османи-Швенг: Западен Балкан треба да биде водечки приоритет на ЕУ

Османи-Швенг: Западен Балкан треба да биде водечки приоритет на ЕУ
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со претседателката на Европскиот економски социјален комитет – ЕЕСК, Криста Швенг, на која меѓу другото, било разговарано за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК.

На средбата, како што информираат од МНР, Османи изразил задоволство од пристапот што ова советодавно тело на Унијата го има кон земјите од Западен Балкан, сметајќи го регион за клучна гео-стратешка точка на Европа, а процесот на проширување,  инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст за целиот континент.

Османи и Швенг, исто така, размениле мислења за плановите за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК, кој е од исклучително значење за дијалогот на Северна Македонија со ЕУ во социо-економската област, а ќе има важна улога и во текот на процесот на преговарање.

Соговорниците, се вели во соопштението од МНР, разговарале и за Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Скопје, со цел усвоените препораки од Форумот да бидат презентирани на Самитот ЕУ-ЗБ во Словенија, наредната недела. аа/нд/

Остани поврзан