• сабота, 23 ноември 2024

Османи-Клус: Словачка активно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

Османи-Клус: Словачка активно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со првиот државен секретар во Министерството за надворешни и европски работи на Словачка Мартин Клус, кој се наоѓа во работна посета на земјава.

Соговорниците, како што соопшти МНР, се осврнаа на состојбата и резултатите на сѐ подинамичната билатерална соработка меѓу двете земји и во тој контекст разговараа и за интензивните активности кои се превземаат за отворање на нашата Амбасадата во Словачка, со седиште во Братислава, што ќе биде дополнителен импулс во зацврстување на меѓусебните односи и за збогатувањето на севкупната соработка.

-Ние продолжуваме активно да придонесуваме за европската идеја на Балканот, и за европската перспектива како на нашата земја, така и на целиот регион. Очекуваме операционализација на одлуката на лидерите на ЕУ од март 2020, одржување на Првата меѓувладина конференција и формален почеток на преговорите, а радува сознанието дека Словачка е наш силен партнер во ЕУ за реализација на ваквата цел, истакна Османи.

На средбата, како што се наведува, стана збор и за проектот „Национална Конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија“, во кој учествуваат словачките експерти и чија четврта сесија ќе се одржи на 29 април. Првиот државен секретар Мартин Клус потврди дека словачката поддршка и експертска помош за нашите евроинтегративни аспирации ќе продолжи со несмалено темпо за да побрзо се усогласиме со сите потребни европски критериуми и вредности.

Посебен акцент во разговорот беше ставен за состојбите во двете земји поврзани со пандемијата и текот на процесот на имунизација на населението, при што министерот Османи се заблагодари за досегашната словачка помош и донации на овој план, што претставува уште еден гест на пријателска држава. мд/са/

 

Остани поврзан