• вторник, 24 декември 2024

Осквернавени спомен бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга

Осквернавени спомен бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга
Струга, 1 октомври 2021 (МИА) – Непознати сторители ноќеска ги вандализирале спомен бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга. Бистата на Поповски била фрлена во водите на Охридското Езеро, додека, онаа на Јаневски е оштетена и свртена наопаку на постаментот. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски посочувајќи дека полициски службеници извршиле увид и се работи на расчистување на случајот. - Настанот е пријавен во ОВР Струга, полициски службеници веднаш излегоа на терен да извршат увид на лице место. Полицијата работи на расчистување на случајот и откривање на сторителите, изјави Димоски. Настанот го осуди и директорот на националната установа „Струшки вечери на поезијата“, Тодорче Расевски, посочувајќи дека вакви инциденти се случувале и порано. - Најостро го осудуваме чинот на вандализирање на бистите на истакнатите македонски поети. Очекуваме сторителите да бидат фатени во најкус рок и соодветно казнети. Апелираме до струшката, но и целата македонска јавност да ги почитуваат придобивките од нашата поетска традиција, рече Тасевски. Вработени во установата се на терен во обид да ја извадат бистата од езерото и да ја вратат на постаментот. Вандалскиот чин се случува на 18-годишнината од смртта на великанот на македонската поезија Анте Поповски. сс/ар/

Остани поврзан