• понеделник, 23 декември 2024

„Оскарите“ повторно ќе имаат водител

„Оскарите“ повторно ќе имаат водител
Лос Анџелес, 12 jaнуари 2022 (МИА) - Вечерта на „Оскар“ наградите на американската Академија за филмски уметности и науки, повторно ќе има домаќин на свеченоста - првпат по 2018 година, објави американската телевизиска мрежа ABC, којашто секоја година го емитува доделувањето. Овогодишното 94. доделување на Оскарите, кое е закажано за 27 март, се враќа во Холивуд и, традиционално - во театарот „Долби“. Минатата година, поради епидемијата на коронавирус, гала-вечерта се случуваше на големата железничка станица во центарот на Лос Анџелес, и со намален број гости. Засега не е познато кој ќе биде водител на доделувањето. Во 2017 и 2018 година тоа беше комичарот Џими Кимел, а Кевин Харт ја одби понудата да биде домаќин во 2019, откако на Твитер се појавија негови постари објави на интернет кои беа оценети како хомофобични. Академијата во тоа време не најде замена за Харт, па и наредните изданија на емисијата немаа водител.  си/

Остани поврзан