• сабота, 06 декември 2025

Осветлено спорското игралиште во беровското село Будинарци

Осветлено спорското игралиште во беровското село Будинарци
Берово, 31 јули 2020 (МИА) - Осветлено е повеќенаменското спорско игралиште во беровското село Будинарци. Со реализација на оваа активност, како што информира општината, се решава долгогодишниот проблем на младите во село Будинарци кои игралиштето ќе можат да го користат за игра и дружење и во вечерните часови.
-Во изминатиот период реконструирани се дел од објектите каде што се одвива наставата, одградени се повеќе спортски терени, сменети се кровни конструкции, а на одредени локации, почнуваме да работиме и на хортикултурното уредување. Со последната активност на општината, во насока на подобрување на условите за учење и спорт, осветлено е и спортското игралиште во село Будинарци, инфрормираа од Општината.
Оттаму и во услови на пандемија најавија вложување во унапредување на образовниот процес.
Средствата за осветлувањето на повеќенаменското спортско игралиште во село Будинарци се издвоени од буџетот на основното училиште „Дедо Иљо Малешевски”, а работите на терен ги изведува екипа на општина Берово.вс/бт/

Остани поврзан