• сабота, 23 ноември 2024

Осака предвреме ја заврши сезоната

Осака предвреме ја заврши сезоната


Токио, 21 октомври 2024 (МИА) – Четирикратната грен слем шампионка, јапонската тенисерка Наоми Осака, нема да се натпреварува до крајот на оваа година поради повреда на грбот.
Осака требаше да биде дел од јапонската репрезентација во финалето на Купот Били Џин Кинг што ќе се одржи од 13 до 20 ноември во Малага, но донесе одлука да се одмори и подобро да се подготви за новата сезона.
Осака се повреди за време на турнирот во Пекинг, по што го пропушти минатонеделниот турнир во Осака, а нема да настапи ниту на турнирот во Токио оваа недела.
Сезоната во која Осака се врати на ВТА турнирите по породувањето не помина според планот, а поранешната најдобра светска тенисерка во моментов е на 56-то место на ранг-листата. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан