• среда, 27 ноември 2024

Организацијата на потрошувачите на Македонија во Кочани ги претстави активностите за заштеда на енергија во домаќинствата

Организацијата на потрошувачите на Македонија во Кочани ги претстави активностите за заштеда на енергија во домаќинствата

Кочани, 2 ноември 2023 (МИА) – Организацијата на потрошувачите на Македонија во Кочани организираше работна средба на која ги претстави активностите во рамки на европскиот проект „Потрошувачите го предводат одговорот за развојот на енергетската амбиција на ЕУ- CLEAR-X“, а што го спроведува со партнерски организации од земјите во Европската унија.

На средбата се дискутираше за проблемите на потрошувачите при купување енергетски ефиксани апарати за домаќинство, инвестирањето во обновливи извори на енергеја, како и за потребата од соодветни субвенции заради заштеда на семејниот буџет и намалување на емисијата на штетните гасови.

-Работиме на една кампања во повеќе општини во државата, зато што нашата организација, како претставник на интересите на потрошувачите, смета дека во услови на остварување на Зелената агенда во Македонија зголемувањето на понудата на субвенции и екокредити ќе им овозможи на граѓаните да преземат активности за соодветно реновирање на своите домови и купување, односно инсталирање производи со висока енергетска ефикасност, како и користење на обновливите извори на енергија. Потрошувачите имаат интерес да ги намалат своите трошоци за енергија, а воедно да ги намалат и штетите што ги нанесуваат на животната средина, истакна Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачите на Македонија.

На средбата беа претставени соодветни брошури со теми за подобрување на знаењата на граѓаните за ефикасното користење на енергијата и за обновливите извори на енергија, како да станат потрошувачи – производители на енергија и при набавката да изберат возила што ќе придонесат за одржлив транспорт. та/дма/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан