• четврток, 26 декември 2024

Организацијата за забрана на хемиско оружје внимателно ја следи ситуацијата во Украина

Организацијата за забрана на хемиско оружје внимателно ја следи ситуацијата во Украина
Хаг, 13 април 2022 (МИА) – Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) е загрижена поради неодамнешните непотврдени извештаи за употреба на хемиско оружје во Мариупол, соопшти Организацијата. Портпаролот  на Организацијата истакна дека „внимателно се следи ситуацијата во декларираните хемиски индустриски локации“ во Украина. Производството, употребата и складирањето на хемиско оружје забранети се од 1997 година со Конвенцијата за хемиско оружје. ми/

Тагови

Остани поврзан