• вторник, 24 декември 2024

Општински штаб за заштита и спасување Куманово за појава на африканска чума во кумановско 

Општински штаб за заштита и спасување Куманово за појава на африканска чума во кумановско 

Куманово, 6 јануари 2024 (МИА) - Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово денеска одржа состанок во просториите на Општината заради појавата на болеста африканска чума кај свињите во општината, соопштија надлежните. Меѓу заклучоците кои ги донесе кризниот штаб е секој орган да постапи во согласност надлежностите и овластувања, да се почитуваат сите мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста.

-Агенција за храна и ветеринарство да ги преземе сите заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот. Општина Куманово, преку јавните претпријатија да пружи целосна логистичка поддршка во однос на обезбедување на механизација потребна за спроведување на постапките од страна на АХВ, наведуваат од општината.

Оттаму бараат да се зајакне комуникацијата помеѓу државните институции АХВ и МВР – СВР Куманово, во однос на обезбедување на непречено одвивање на активностите.

-Локациите кои беа посочени од АХВ како соодветни за закоп на угинати и убиени животни согласно нивните важечки правилници, а за кои Општина Куманово достави барање за мислење до надлежни институции и доби позитивно мислење од Агенција за храна и ветеринарство, да се користат за закоп на угинати животни,. МВР – СВР Куманово да пружи целосна асистенција при спроведување на активностите за закоп на угинати животни, се вели во соопштението.

Општина Куманово преку стручните служби да утврди нови предлог-локации за кои ќе спроведе постапка за утврдување на нови локации за закоп на угинати животни при евентуална појава на друго жариште.

Инаку, вечра АХВ потврди дека во кумановско повторно е регистрирана болеста африканска чума кај свињи. Лабораториските наоди од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје покажаа присуство на болеста африканска чума кај свињите во одгледувалиште во село Тромеѓа. Во ова село и во населбата Карпош е заштитна зона е во радиус од три километри, додека во повеќе села во радиус од десет километри Карабичане, Табановце, Четирице, Горно Коњаре, Долно Коњаре, Речица, Режановце, Лопате, Бедиње, Клечовце, Проевце, Љубодраг, Шупљи Камен, Черкези, Зубовце, Романовце, Бељановце, Доброшане и градот Куманово во Општина Куманово, Старо Нагоричане, Младо Нагоричане и Никуљане во општина Старо Нагоричане, Ваксинце и Опае во Општина Липково е зона под надзор.

Од 27 декември, лани затворен е и добиточниот пазар во Долно Којнаре. ам/aa/

Фото:Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан