Општинскиот кризен штаб на Куманово бара зголемување на бројот на епидемиолози
- Општинскиот кризен штаб Куманово повторно бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во Центарот за јавно здравје-Куманово, да го зголеми бројот

Куманово, 26 март 2020 (МИА)
Општинскиот кризен штаб Куманово повторно бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во Центарот за јавно здравје-Куманово, да го зголеми бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територијата на општината.
- Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на ставот дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово, се вели во соопштението на штабот.
Оттаму им препорачуваат на стопанствениците и дистрибутери на автомати за кафе на територија на општина Куманово да ги исклучат од употреба. Правните субјекти (маркети, аптеки и друго) да вршат зачестена дезинфекција во внатрешните, деловни простории. И банките треба почесто да ги дезинфицираат банкоматите.ам/ир