• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Ѓорче Петров со Протокол за итна евакуација во училиштата

Општина Ѓорче Петров со Протокол за итна евакуација во училиштата

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Општина Ѓорче Петров одржала координативен состанок со директорите на сите основни училишта од општината во насока на унапредување на нивната безбедност. На состанокот, на кој учествувале и претставници од Министерството за внатрешни работи, се разгледувал   Протокол за безбедна евакуација од училишта и справување со паника во итни ситуации.

Како што информира Општината, целта на протоколот е да се обезбеди систематска и ефикасна заштита на учениците и наставниот кадар при евентуални закани како пожар, земјотрес, чад или други вонредни ситуации.

-Преку јасни процедури и обуки, општината се стреми кон создавање сигурна и смирена средина за децата во текот на наставниот процес. Протоколот предвидува двапати во годината обуки за учениците и наставницита, едукација за препознавање панични реакции и техники за нивно совладување, практични вежби за смирена и контролирана евакуација, јасни и видливи евакуациски рути и мапи во секое училиште, инсталација на посебен алармен систем - различен од редовното ѕвоно и активирање на протоколот при реална опасност или по налог од надлежни институции и лица. Алармот, преку сирена или разглас, претставува сигнал за итно започнување на евакуацијата. Учениците, под водство на наставниците, се движат по однапред утврдени рути кон безбедна зона, соопшти Општина Ѓорче Петров.

Оттаму посочуваат дека оваа мерка е дел од пошироката стратегија на Општина Ѓорче Петров за заштита на населението од природни и други непогоди, со посебен акцент на заштитата на децата. хс/са/

Фото: Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан