• сабота, 23 ноември 2024

Општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини

Општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Општина Ѓорче Петров првпат ангажира механизација за одржување на јавните површини кои се во надлежност на општината. Како што соопштија од општината, склучен е договор за изнајмување на две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад.

- Со оваа мерка, значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на хигиената на сите јавни површини во надлежност на општината, а паралелно со тоа, ќе се постигне и подигнување на јавната чистота на едно повиско ниво, изјавил градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, се наведува во соопштението.

Тој истовремено упатил апел да не се оставаат возилата на коловози за да може непречено да се врши работата.

- Да направиме заеднички мали промени во секојдневните наши навики, што на долг рок значително ќе ги подобрат состојбите на сите нивоа во Ѓорче Петров. Јавната хигиена зависи од сите нас. Апелирам да бидеме одговорни, нагласил Стојкоски. цр/ац/

Фото: Општина Ѓорче Петров

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан