Општина Чаир го одбележа Меѓународниот ден на детето
- По повод 1 Јуни - Меѓународниот ден на децата, денеска градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ги посети учениците од прво одделение од Основното училиште „Васил Главинов“.

Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) - По повод 1 Јуни - Меѓународниот ден на децата, денеска градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ги посети учениците од прво одделение од Основното училиште „Васил Главинов“.
-На децата им подарив симболични подароци и им упатив порака дека тие се најголемото богатство, се нашата благосостојба, тие се иднината. Децата се светлината на нашите очи затоа мора да ја зачуваме оваа светлина и да ја направиме уште посветла бидејќи само така можеме да одиме напред, рече Ганиу.
Како што соопшти Општина Чаир, Ганиу за време на посетата се сретна и со директорката на училиштето Елита Демири и разговараа за напредокот на воспитно-образовниот процес. мд/дма/