• недела, 14 јуни 2026

Општина Чаир:Започна поставувањето на јавно осветлување на улицата „Методија Митевски“

Општина Чаир:Започна поставувањето на јавно осветлување на улицата „Методија Митевски“

Скопје, 13 јуни 2026 (МИА) - Општина Чаир започна со поставување на јавно осветлување на улицата „Методија Митевски“ во Топанско поле, во рамки на проектот финансиран од Министерството за транспорт, кој опфаќа повеќе улици во овој дел на општината, соопшти денеска општинската прес-служба.

Поставувањето на јавното осветлување, посочуваат, се реализира како завршна фаза на секој инфраструктурен проект што се спроведува во Општина Чаир, со цел инвестициите да бидат целосно заокружени и да обезбедат подобри и побезбедни услови за граѓаните.лв/ев/

фото: Општина Чаир