• вторник, 24 декември 2024

Општина Центар: 41 крводарителска акција од јануари годинава организираше општинската организација Црвен крст Центар

Општина Центар: 41 крводарителска акција од јануари годинава организираше општинската организација Црвен крст Центар

Скопје, 14 јуни 2024

По повод Светскиот ден на крводарителството Општина Центар ја известува јавноста дека Општинската организација на Црвен Крст Центар од јануари до мај 2024 година, има организирано 41 крводарителска акција во која се обезбедени 1938 крвни единици. Со овие бројки нашата општинска организација значително придонесува во задоволување на потребите за крв потребна за спасување живот.

 

Општина Центар во соработка со Црвен Крст секоја година организира по 3 крводарителски акции односно 4 пати во една календарска година.

 

За учество во крводарителските акции и успешно спроведените заеднички проекти Црвен крст пред неколку месеци му додели признание на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

 

Инаку Општина Центар реализира низа успешни проекти меѓу кои годинава за првпат за лицата со попреченост да добијат бесплатен превоз до здравствените установи. Одличен хуман проект со кој општината го олеснува животот на оние на кои тоа им е најпотребно.

 

Соработка има и во рамки на едуцирање на децата од градинките за здравите хигиенски навики како и едуцирање на предшколскиот и наставниот кадар со учениците од 8 одделение како да постапуваат во ургентни ситуации.

 

Општина Центар ќе продолжи да ја негува соработката која во иднина уште повеќе ќе се продлабочи и ќе донесе нов квалитет во животот на Центарци.

 

Со почит,
 

Општина Центар

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Центар

 

 

Остани поврзан