Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградба на „Шпанските скали“
- Во буџетот на Општина Центар вратени се 6.169.500 денари, односно околу 100.000 евра, со активирање на банкарската гаранција за изградбата на таканаречените „Шпански скали“. Како што информир
Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) - Во буџетот на Општина Центар вратени се 6.169.500 денари, односно околу 100.000 евра, со активирање на банкарската гаранција за изградбата на таканаречените „Шпански скали“. Како што информираат од општината, до Амадеус Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје е доставена изјава за едностраното раскинување на договорот.
Станува збор за изградбата согласно Договорот за отуѓување на земјиштето склучен 11.11.2013 година помеѓу Министерството за транспорт и врски и ДТПУ Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје, за изградба на таканаречените „Шпански скали“. Амадеус Девелопмент биле обврзани да добијат одобрение за градење на предвидениот објект од Општина Центар во рок од 9 месеци од извршената солемнизација, а тој рок истекол на 20.08.2014.
Општина Центар сепак, на Амадеус Девелопмент им издава одобрение за градење дури на 28.7.2015 година, правосилно на 12.8.2015 година, чие барање за издавање е со задоцнета дата на поднесување. Согласно одобрението, Амадеус Девелопмент имале рок не подолг од 6 години за изградба на објектот, односно не подоцна од 12.8.2021.
Со решение од 12.5.2020, градоначалникот Саша Богдановиќ го прогласува одобрението за ништовно. Жалбата на Амадеус Девелопмент до второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски е одбиена како неоснована, затоа што биле должни да почнат со градба најдоцна до 12.8.2017, односно најмногу две години од правосилноста на одобрението.
Од Општина Центар информираат дека согласно склучениот договор, доколку купувачот не исполни дел од обврските од истиот договор и не ги испочитува утврдените рокови, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар. ар/дма/