• сабота, 23 ноември 2024

Општина Тетово најави продолжување на пробивањето на булеварот „Благоја Тоска" 

Општина Тетово најави продолжување на пробивањето на булеварот „Благоја Тоска
Тетово 11 мај 2022 (МИА) - Во Тетово во понеделник ќе започнат работите за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“. Пробивањето започна во време на претходното раководство на општината, а градоначалникот Биљал Касами по преземање на должноста започна процес на анализирање на проектот. - Работите ќе започнат од делот кај текстилното училиште и ќе завршат кај  мостот во близина на Клиничката болница. Завршени се сите подготовки, односно решени се имотно правните прашања, извршена е експропријација на земјиштето и сега нема никакви пречки за почеток на работите. Пробивањето на овој булевар е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што ќе го растовари сообраќајот во градот и ќе создаде многу подобри услови за сите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението на општината. Булеварот „Благоја Тоска“ е една од главните сообраќајници, а се смета дека со пробивањето ќе се олесни сообраќајот на другите две главни оски во градот. - Стручните лица од Општина Тетово од почетокот на мандатот на градоначалникот Касами, потенцираа дека едно од примарните проблеми за решавање е пробивањето на булеварот, а тоа ќе стане реалност од понеделник. За ова се обезбедени сите потребни дозволи. Се надеваме дека за многу кратко време булеварот ќе профункционира. Ова беше и едно од нашите предизборни ветувањата. Остануваме посветени не само на пробивање на овој булевар, туку и на другите булевари и улици со кои Тетово ќе добие изглед на еден современ град, како во развиените земји, посочија од општинската власт. Минатата недела градоначалникот информираше дека се завршени сите три заостанати предмети за експропријација на земјишта каде треба да минува трасата од булеварот.  ас/цр  

Остани поврзан