• сабота, 23 ноември 2024

Општина Тетово најави повеќе акции за ослободување на јавните површини

Општина Тетово најави повеќе акции за ослободување на јавните површини

Тетово, 26 септември 2024 (МИА) - Општина Тетово, полицијата и јавните претријатија ќе интензивираат активности за ослободување на јавните површини каде се поставени контејнери и автобуски постојки за подобрување на услугите за подигнување на смет и за непречно одвивање на градскиот автобуски превоз. Ова денеска го најави тетовскиот градоначалник Биљал Касами, кој заедно со директорите на јавните претријатија и началникот на полицијата почетокот на акцијата го следеа од булеварот „Илирија“ („Маршал Тито“).

-Да ги информираме граѓаните во делот на паркирањето да бидат посовесни, денеска сме тука со началникот на СВР Тетово, со директорите на јавните комунални претпријатија  заедно да видиме како несовесни возачи, паркираат на места, наменети за контејнерите на авното комунално претпријатие за менаџирање со отпадот, на местата каде што е автобуска станица или постројка и на местата каде што се наменети за инвалиди. Ги повикувам сите возачи, да бидат посовесни да не паркираат каде што не е обележано место за паркирање, а посебно да бидат внимателни, на локации кои се наменети за контејнерите, локации за автобуските постројки, односно паркинг места наменети за инвалиди. Затоа што со тоа им пречат на јавните комунални претпријатија и за тоа имаме поплаки од граѓаните дека некои од контејнерите не можат да се испразнат затоа што во времето кога ќе дојде камионот на јавното комунално претпријатие  да го исчисти контејнерот да нема пристап до место и конјтенерот останува неиспразнет.  Исто така се случува да автобуските постојки бидат блокирани од ваквите паркирања, изјави Биљал Касами.

На новинарско прашање зошто покрај подигањето контејнери нема поефикасно чистење на јавните површини, Касами одговори дека тоа се прави, а граѓаните треба да бидат посовесни.

-Ако може да забележите секојден односно секоја приквечер работниците на ЈКП ги чистат улиците на Тетово. Ќе ги повикам граѓаните да не фрлаат секаде по улиците и тротоарите затоа што 24 часа да се чисти, ако фрлаат сите граѓани не може да биде чисто.  Секоја вечер чистат вработените, јас секое сабајле кога доаѓам, веќе е истата ситуација затоа што се движат граѓаните и пак фрлаат отпад. Гарантирам дека вработените од ЈКП секојден чистат. Имаме и камион за миење на улиците, но поради дождот ова време немаше некоја потреба. По потреба секој вечер ќе ги мијат улиците. Апелирам, ве молам не фрлајте ѓубре насекаде, има контејнери има канти за отпад. Граѓаните да фрлат каде што е местото, истакна Биљал Касами.

Градоначалникот информираше дека на владиниот повик за проекти Општина Тетово се пријавила да добие средства за да се изградат објекти на две средни училишта и изградба на водоводна и канализациона мрежа.ас/фф/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан