Општина Тетово го одбележа Меѓународниот ден на Ромите
- Со пригоден, консултативен состанок со здруженија и организации на Роми, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и други претставници на локалните институции го одбележаа Меѓународниот ден на

Tетово, 8 април 2022 (МИА) - Со пригоден, консултативен состанок со здруженија и организации на Роми, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и други претставници на локалните институции го одбележаа Меѓународниот ден на Ромите - 8 април.
Пред зградата на општината, во чест на денот беше подигнато и ромското знаме.

Претставниците на ромската заедница на градоначалникот му ја подарија книгата со стихозбирки „Народ е нашиот другар“ од писателот на ромски јазик, Али Рустеми од Тетово.
- Со оваа книга сакаме да укажеме дека Ромите можат да учат. Ромите се лојален народ и другите заедници треба да ги прифатат. Примероци ќе доставиме до основните училишта каде има Роми ученици, изјави Самка Ибраимовски.
Општина Тетово им додели благодарници на претставниците на ромската заедница за остварената соработка. ас/ар/