• сабота, 23 ноември 2024

Општина Пустец се подготвува за туристичката сезона

Општина Пустец се подготвува за туристичката сезона

Пустец, 21 јуни 2023 (МИА) - Локалната власт на општина Пустец, Мала Преспа ги презема сите неопходни активности за што побериќетна и побезбедна туристичка сезона.

-Во просториите на општината одржавме последователна средба со претставници на соодветните служби и институции на која се разговараше за прашања поврзани со реализацијата на туристичката сезона. Тука формирање на работни групи и утврдување на календар за контрола, евидентирање, известување и решавање на проблемите, информираше градоначалникот Пали Колефски.

Додаде дека е договорено формирање работни групи и изработка на акциска програма за туристичката сезона во сите 9 села од Општината, за безбедност на странските и домашните туристи на Преспа.

-Договорено е обезбедување на плажите со ознаки за ориентација и заштита, како и соработка со други институции за избегнување на настани кои влијаат на безбедноста на посетителите. Исто така ќе се врши контрола на јавни простори, строга контрола за тоа каде се фрла на отпад без критериуми и отпадоци на главните улици, посочи тој.

Како и во изминатите години и сега приоритет ќе биде преземање мерки за спречување и гаснење на пожари.

Општина Пустец со подобрувањето на условите, пред се инфраструктурата, станува се почеста дестинација за посета и на странските туристи.

Освен чистите езерски води, општината располага и со значајни културно историски објекти примамливи за туристите, пештерската црква "Света Богородица, манастирот "Света Марена", природните убавини на Националниот парк"Преспа" и секако островот Мал Град. вт/бт/

Фото: општина Пустец

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан