• недела, 28 јули 2024

Општина Охрид ги распиша годинешните конкурси за највисоките општински награди и признанија

Општина Охрид ги распиша годинешните конкурси за највисоките општински награди и признанија
Охрид, 15 ноември 2021 (МИА) – Општина Охрид ги распиша годинешните конкурси за највисоки општински награди и признанија, а што се доделуваат по повод 8 декември Денот на „Св. Климент Охридски“ и патрон на градот Охрид. Наградата Патрон на градот се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот. Право на учество на Конкурсот  имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Заинтересираните учесници во пријавата треба да се достават кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура. Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година. Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира. Повелбата може да се додели максимум на пет добитници. Инаку, наградата Патрон на градот ја доделува Градоначалникот на Охрид, додека Повелбите ги доделува Општинската комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија. Конкурсите се отворени 15 дена сметано од денот на објавувањето, а на добитниците им се врачуваат на Свечената академија што секоја година се организира на 8 декември – Празникот посветен на Свети Климент, патронот на Охрид.  аб/аа/  

Остани поврзан